Во време на пандемија и вонредна состојба, веројатно секој е веќе свесен за мерките кои треба да ги превземе за да се заштити.
Во тоа првенствено спаѓа ограничување на движењето и излегувањето во гужви, освен ако се работи за неодложна работа. Дали плаќањето сметки за вас е повод и причина да излезете и да чекате во редици можеби и со часови?
Не мора да биде повеќе! Сите ваши сметки може да ги платите он-лајн, едноставно, брзо, безбедно без никакви дополнителни трошоци и што е најважно - од дома.
Сметките од ЕВН може да ги платите на ЛИНКОТ
Доколку сте корисник на БЕГ, регистрирајте се и плаќајте ги вашите сметки на ЛИНКОТ
Сметките од ЈП Водовод и канализација – Скопје платете ги на ЛИНКОТ
Сметките од А1 Македонија може да ги платите на ЛИНКОТ
Сите корисници на Телеком, своите сметки може да ги плаќаат на ЛИНКОТ
За корисници на Телекабел – ЛИНК
Ги советуваме корисниците на останатите оператори да се обратат до контакт центарот на својот оператор и да побараат насоки за он-лајн плаќање. Сите останати услуги како на пример влез и одржување може да ги платите он-лајн, со користење на услугата е-банкинг, која секоја банка ја нуди.
Бидете #ВоВонреднаОДГОВОРНИ, за доброто на сите!