Православните христијани деновиве се на распетие. Растргнати се меѓу јавниот интерес, своето здравје и желбата на присуствуваат на литургија за Велигден. Иако минатата година мноштвото граѓани за Велигден место во црква завршија на шетање во Грција и други држави, за првпат во историја велигденската литургија треба да ја следат од дома и преку телевизија.-Пишува Независен
МПЦ деновиве објави дека литургиите ќе се држат во тесен круг, дека ќе се пренесуваат на телевизиите и на интернет, а граѓаните треба да го почитуваат полицискиот час. Сепак, МПЦ остана на традицијата причестата да се прави со една лажичка за сите, иако најави дека ќе ги дезинфицира иконите за верниците што ќе дојдат пред или по полицискиот час
Иако има разлика во нијанси, ова е сликата што ќе биде видена за Велигден во сите православни земји, бидејќи во сите нив властите ги повикаа верниците да си седат дома, иако во повеќето не се затвораат црквите. По фотографијата на папата Франциско како седи во темнина на белиот плоштад во Рим и сам држи литургија, ниту една слика од овој православен Велигден нема да биде изненадување поради реалноста наречена корона вирус.
-На Грците не само што ќе им биде забрането одењето во црквите, туку и одењето на плажа, во викендичките или кај роднините
Во Црна Гора исто така ќе се одржуваат литургии, но тамошната црква ги повика верниците да не доаѓаат на нив. Во Бугарија, премиерот Бојко Борисов веќе порача дека не може да ги затвора црквите, но првиот човек на Кризниот штаб Венцислав Мутафчиски ги повика верниците да не присуствуваат на литургиите за време на велигденските празници.
Целиот текст ОВДЕ