Очигледно е дека после објавените позитивни резултатаи на градоначалникот на Куманово кој иако чекал резултати од тестот за КОВИД-19 продолжил со своите активности, вчера беше донесена одлука со која лицата кои се тестирани,додека ги чекаат резултатите да бидат во самоизолација
-Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за COVID-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.
Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница на Владата да достави протокол и анализа со која ќе се регурлира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само еден член од семејство/домаќинство.