Шведска има преку 10 милиони жители. Наместо да се затвори како останатите земји, Шведска реши да примени еден пинаков пристап во борбата против Ковид-19: Лесни мерки и препораки до граѓаните со цел стекнување на колективен имунитет. Зндерс Тегнел – главен епидемиолог во земјата вели дека нивниот пристап почнува да дава резултати!
Необичниот пристап на Шведска во борбата против коронавирусот почнува да дава резултати, вели Зндерс Тегнел, главен епидемиолог во таа земја.
Според него, најновите податоци за стапката на заболување и смртност од Ковид-19 укажуваат на тоа дека ситуацијата почнува да се стабилизира.
Тегнел, кој е изумителот на релативно лабавите мерки против коронавирусот, за шведската агенција ТТ, вели дека земјата се наоѓа во фаза на израмнување на кривата.
За време на ширењето на пандемијата, Шведска не ги затвори училиштата, спортските сали, кафулињата, баровите и рестораните.
Наместо тоа, владата ги повика граѓаните да постапуваат одговорно и да ги следат насоките за социјална дистанца.
Блумберг наведува дека ширењето на Ковид-19 во светот предизвикало различни реакции низ земјите.
Агенцијата посочува на тоа дека уште е рано да се донесат заклучоци за тоа која стратегија дала најдобри резултати.
Со оглед на огромната штета низ целиот свет предизвикана од строгите ограничувања на движењето, шведскиот припстап привлече големо внимание во другите земји кои се решија за порестриктивни мерки.
Дел од шведската стратегија се потпира на пристап до еден од најдобрите здравствени системи во светот.
Во ниту една фаза, Шведска не се соочи со недостаток на медицинска опрема или болнички капацитети, а шаторите поставени како установи за итна помош низ целата земја останаа претежно празни.
Швеѓаните веруваат, врз основа на разни модели за мониторирање, дека се повеќе луѓе имаат имунитет и дека тоа има влијание на ширењето на вирусот, со што би стекнале колективен имунитет до јуни, но истакнуваат дека состојбата на терен ќе ја покаже вистинската слика.
Шведска до вчера пријави 1.540 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што претставува зголемување за 29 во однос на саботата.
Ова е значително повисоко отколку во остатокот од Скандинавија, но значително помалку отколку во Италија, Шпанија и Велика Британија.
Досега во Шведска се заразени 14.385 лица.