Застојот и рецесијата која ќе ја зафати економијата оваа година поради пандемијата на коронавирусот се очекува да ја чини глобалната економија загуба од ни повеќе ни помалку туку неверојатни 8.000.000.000.000 евра. Со зборови: осум трилиони евра. Ова е вредноста на планираните, а непроизведени автомобили, на големиот број откажани летови и патувања за летен одмор, но и многу откажани бизнис зделки, планираните премиери на филмовите коишто не се прикажуваат како резултат на глобалното затворање и карантинот, пресметуваат од Меѓународниот монетарен фонд.
Но, тоа не е единствениот трошок и загуба за светските економии. Покрај тоа, има уште седум трилиони евра потрошени од страна на државите за да ги зачуваат работните места и да ја рестартираат економијата. Заедно, ова резултира во масовно пренасочување на расположливите ресурси.
Прашањето што се поставува во однос на оваа димензија е: кој ќе ја плати сметката? Постојат неколку одговори на ова прашање. Едното е: НИКОЈ. На прв поглед, звучи грубо и непристојно, но од денешна перспектива не е ниту неверојатно. Во светски рамки, богатите земји како САД, Јапонија, Германија и Австрија во моментов добиваат ефтини кредити, со речиси нула камата. Значи, овие земји можат да западнат во огромен долг, но тешко дека тоа ќе го почувствуваат се додека можат повторно и повторно да ги обновуваат кредитите исто толку евтино како и сега.
Како резултат на економскиот пад и големата неизвесност, многу инвеститори не знаат каде да ги вложат своите пари. Во блиска иднина, речиси со сигурност нема да се градат нови фабрики. Многумина што можат тоа да си го дозволат тоа, први ќе ги заштедат парите, пред да се решат на капитална инвестиција. Овој вишок на капитал значи дека цената на парите и каматната стапка ќе остане многу ниско ниво подолго време. Со малку среќа, комбинацијата на ниски каматни стапки и умерениот економски раст во текот на следните пет до десет години може да предизвика долгот што се создаде речиси преку ноќ со тек на времето постепено да се намалува.
Целиот текст прочитајте го на bankarstvo.mk