Летната сезона во Грција годинава ќе трае само три месеци поради пандемијата на коронавирусот. Се очекува дека сезоната ќе трае во месеците јули, август и септември.
Ова го најави министерот за туризам на оваа земја, Харис Теохарис. Тој предложил „здравствени пасоши" за туристите кои нема да се откажат од патувањата.
Туристите прво ќе се тестираат на домашните аеродроми, по што ќе им биде издаден посебен „здравствен пасош". Голем број од грчките хотели се пред банкрот. Големи се шансите летувањето кај јужниот сосед да поскапе.