Облачно и дождливо со температура до 14 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 9 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.