Белорусија, Таџикистан, Туркменистан, Тајван и Никарагва се единствени земји каде во моментов се игра фудбал, но наскоро најавено е дека ќе има продолжение и на останатите.
Најверојатно на Фарските острови топката прва ќе биде дезинфицирана и ќе започне натпреварот. Но, иако ќе започне оваа лига, сепак на сила нема да изостанат мерките за заштита од вирусот.
Па така на секое полувреме, топката со која се игра ќе биде дезинфицирана, а најстрого забрането на фудбалерите ќе им биде да плукаат по теренот, да дуваат нос или слично.Сите играчи пред почетокот на натпреварот ќе треба целосно да биде дезинфицирани.
На Фарски Острови имаше 185 заболени, а ниеден смртен случај. Натпреварите ќе се играат без публика.
Враќањето на фудбалот на терените ширум Европа се најавува во јуни но без публика.