Во Службениот Весник од 22 април стојат овие одлуки и измени
О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19
Член 1 Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20 и 100/20), во член 1, точките 6. и 27. се менуваaт и гласат:
“6. Се затвораат сите спортски објекти, вежбални, спортски сали каде што може да се одржуваат секаков вид на собири и настани, без оглед на обемот и бројот на учесници, односно истите се затвораат за давање на услуги кон корисниците на услугите со присуство во објектите, а истите можат непречено да продолжат да извршуваат деловни активности и да даваат други услуги од делокругот на својата дејност преку алтернативен начин на продажба на услуги и производи
Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, од понеделник до петок, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден и од 15.00 часот во сабота до 5.00 часот во понеделник.“