Тајната на здравиот живот, поточно процената за прерана смрт, срцев или мозочен удар може да ја откриете и преку дланките. Истражувањето спроведено на повеќе од 14 илјади испитаници во 14 земји покажало дека силата на стисокот со дланките е подобар показател за здравствената состојба од крвниот притисок.
Максималната сила на стисокот со текот на годините се намалува, но на оние кои им се губи со побрзо темпо, имаат поголем ризик од здравствени проблеми. Жените во 20-тите имаат сила на стисокот од околу 34 kg, а мажите околу 54 kg, што кај жените во 70-тите години им паѓа на 24 kg, додека кај мажите на 38 kg.
Истражувањето покажало дека намалената сила за 5 килограми, го зголемува ризикот за предвремена смрт за 16 отсто, а шансите за фатален срцев удар се зголемуваат за 17 отсто, додека за мозочен удар се зголемени за 9 отсто.
Истражувачите наведуваат дека мерењето на силата во стисокот поточно ја предвидува здравствената состојба отколку крвниот притисок, што укажува на потребата за да се обрне поголемо внимание.
извор: vesnik.com