Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, ја стапи на сила програмата „Restaurants Deliver: Home Meals for Seniors“ со која ќе се плаќаат локалните ресторани да им испорачуваат по три оброци дневно на постарите лица кои се ранлива категорија во време на епидемијата на коронавирусот.
Кога ја објави програмата во петокот, Њусом рече дека 1.7 милиони пензионери во Калифорнија живеат сами.
Тој се надева дека програмата ќе помогне да се осигури дека постарите лица со висок ризик и другите повозрасни лица ќе останат дома за да избегнат потенцијално заразување со вирусот.
Покрај тоа, Гувернерот има намера преку програмата да обезбедни основен економски стимул за локалните бизниси и работници кои се борат со негативните економски импликации на кризата.
Преку програмата, рестораните можат да добијат до 16 долари за појадок, 17 долари за ручек и 28 долари за вечера.