Од денеска ќе се казнува за не носење на маски: Каде треба да се носи и како правилно се употребува
При секое излегување надвор, строго треба да се придржуваме до мерките за лична заштита, да носиме заштита за лицето, односно носот и устата – маска, марама или шал, да држиме физичка дистанца од два метра и да не се групираме затоа што само така го штитиме сопственото и јавното здравје.
Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот. Повеќето заболени од коронавирусот, информираше премиерот, заболуваат преку вдишување на капки со вирусот издишани или искашлани од некој во непосредна близина.
Според новите мерки, заштитната опрема задолжително треба да се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз. На отворено заштитна опрема задолжително се носи на пазари и на отворени простори каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра до другите лица во близина.
На отворено заштитна опрема не се носи само ако се престојува во дворот, или терасата од сопствените домови, на велосипед, при спортување на отворено или во патничко возило со лица со кои живеете во заедница или домаќинства. Казната за неносење на маска изнесува 20 евра.
Како правилно се става и вади маската: