Вонредната состојба прогласена поради пандемијата со коронавирус, продолжува во следниве 90 дена, соопштија од Светската здравствена организација.
Пандемијата на коронавирусот и понатаму е интернационален здравствен проблем, вели шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус.
Појаснува дека одборот за Ковид-19 ќе се собере за 90 дена, но ако е потребно тоа ќе се направи порано.
СЗО е сериозно загрижена за потенцијалот на вирусот затоа што брзо се шири во земји со послаби здравствени системи (неразвиено здравство), ќе работиме со земјите и партнерите за да се овозможи патување за помош при пандемијата и постепено да се продолжи со нормално движење на патници.
На 30-ти јануари се прогласи криза на глобално ниво и остатокот од светот имаше доволно време да реагира затоа што тогаш во Кина имаше само 82 случаи. Претходните денови СЗО беше во Кина да дознае повеќе за вирусот.