Граѓаните нема потреба да стравуваат – парите за уплатените аранжмани нема да им пропаднат. Туристичките агенции, согласно владината Уредба, се должни да им издадат ваучер на иста вредност, кој може да го искористат до крајот на наредната година, пишува Сител.
Во моментов не се знае кога најрано би започнала летната сезона, но според неофицијалните информации веќе од 1 јуни дел од хотелите во Грција ќе започнат со работа.
Според нашите неофицијални информации, од нашите партнери од Грција, дел од хотелите, кои работат цела сезона, веќе од 1 јуни ќе почнат со работа. Но дали ќе примаат туристи,. ќе зависи од тоа дали ќе отворат границите. Значи најоптимистичкото сценарио е сезоната да почне 15 јуни, односно од 1 јули, изјави Иво Крствски, Туристичка Агенција „Пилот“.
Ваучерите можат да се искористат и за наредната летна сезона или за зимување, како и за викенди. Единствено невозможно е да им бидат вратени парите назад.
Туристичкиот сектор и угостителството беа најмногу погодени од корона кризата. Невозможно е патувањата да се реазлизираат кога се затворени границите. Секаде во светот е така. Но, невозможно е да се вратат парите назад. Затоа, со владината Уредба е јасно дефинирано, дури и ако пропадне агенцијата, граѓаните ќе бидат обештетени, односно ќе си ги добијат парите во вид на ваучер, изјави Даниела Михајловска Василевска, Стопанска Комора.
Туристичкиот сектор е еден од најпогодените од корона кризата. Угостителите веќе бројат загуби и тешко ја пребродуваат кризата. Понудениот пакет антикризни мерки нема да им помогне, покажало истражувањето на Сојузот на Стопанските комори. Дури 95% од угостителите сметаат дена не се задоволни од владината помош од 14,500 денари бруто плата, 93% не се задоволни што нема мерка за одложување на плаќањата на режиските трошоци, 90 отсто сметаат дека е неприфатливо што обврската за плаќање на ДДВ не е одложена за 6 месеци.
Според истражувањето на Комората, доколку нема дополнителна владина помош, согласно моменталната состојба на пазарот, дури 40% од угостителите се изјасниле дека нема да продложат да работата во истатата дејност.