Законот предвидува во кои случаи работодавачот е должен на работникот да му исплати цела плата, а во кои само делумен надоместок поради отсуство од работа.
Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата во целост во следните случаи на отсутност од работа на работникот:
– користење на годишен одмор, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
– користење на вонреден одмор, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
– дообразување, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
– празници определени со Закон
– користење на слободни денови, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
– време на отказен рок, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
– од причини од страна на работодавачот и донесена одлука од негова страна.
Работодавачот е должен да исплати делумно надоместок на плата во следните случаи на отсутност од работа на работникот:
– поради болест или повреда во траење до 15 дена, врз основа на соодветен документ,
– поради повреда и над 30 дена, ако се утврди вина на работодавачот
– поради виша сила, се исплаќа половина плата во висина од неговата просечна плата во последните 12 месеци, ако во тој период не примал плата, се исплаќа најниската плата
– поради прекин на работниот процес од деловни причини се исплаќа 70% од платата за период до 3 месеци во тековната година.
Работник-приправник има право на плата не помалку од 70% од основната плата на работното место за кое се оспособува.
Извор: Скопје24