Во Управата за јавни приходи за април се пристигнати повеќе од 20.000 барања од страна на фирмите за државна помош од 14.500 денари за исплата на плати. Според стопанствениците постојат услови кои се комплицирани за добивање на државната помош, поради што бараат одредени олеснувања. Инаку денеска е последниот ден до кога компаниите кои имаат најголем товар поради пандемијата на корона вирусот може да поднесуваат барања за државна помош.
Од УЈП велат дека постои огромен интерес за добивање на помошта, па до крајот на рокот (до крај на денот), се очекува уште повеќе да се зголеми бројот. Според УЈП ова е уште еден доказ дека македонската економија трпи огромни штети од актуелната состојба со пандемијата. Од вкупно 76.000 компании, дури една третина се под голем удар, поради што биле приморани да стават клуч на врата или некако работат, но немаат приходи за да обезбедат плата за работниците. Во понеделник, односно на 11. мај ќе има одлука кои од компаниите упсеале да ја добијат државната помош, за да може да исплатат плати на работниците.