Весникот „Египет Индипендент“ пишува дека властите во Египет по завршувањето на пандемијата привремено ќе ја ограничат возраста на странските туристи кои влегуваат во земјата на 48 години, пишува „Монитор“.
Весникот се повикува на изјавата на шефот на Министерството за туризам и антиквитети на Египет Калед ал-Анани, кој прецизираше дека кога границите на земјата ќе се отвораат за странци, првично да им се дозволи влез на на туристите кои не се постари од 48 години во Египет. Во исто време, гостите мора да имаат таканаречен „здравствен пасош“.
Претходно беше објавено дека до јуни хотелите во Египет ќе работат со минимален капацитет и само за граѓаните на земјата, потоа од јули се планира да се започне со прифаќање на странци согласно сите стандарди за безбедност.
Египетските експерти во туристичката индустрија велат дека туристичкиот сектор во земјата губи околу една милијарда американски долари месечно поради пандемијата COVID-19.