Откако не можеше да го продаде бидејќи угостителските и туристички објекти не работат, германска пивара подели околу 2.600 литри пиво.
Наместо да се фрли пивото, сопствениците на пиварата Willinger brewery, одлучиле да го поделат бесплатно.
Сопственикот Франз Маст, изјави дека морал го испразни магацинот што поскоро за да направи место за свежо пиво и подготвено да го дочека отворањето на баровите и рестораните.
Овој потег наиде на голем интерес кај граѓаните, па десетици луѓе трпеливо чекале ред пред пиварата, со маски почитувајќи ја социјалната дистанца.
“Сакаме да им се заблагодариме на луѓето и се надеваме дека ќе ни дадат поддршка кога ќе продолжиме да работиме, дека ќе доаѓаат овде и ќе не препорачуваат на други“, рече Маст.
Германското здружение на пивари предупреди дека оваа индустрија се соочува со колапс, поради пад на извозот, а исто така и мерките за ограничување на луѓето да седат дома и неработењето на баровите и рестораните. Исто така најголемиот светски фестивал на пивото Октоберфест е откажан.