Дел од граѓаните по грешка ги донирале парите од „Мој ДДВ“ па бараат да им бидат вратени.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, информираше дека до нив пристигнале мејлови од граѓани кои ненамерно преку опцијата „донирај“ во апликацијата „Мој ДДВ“ го донирале својот износ кој им следувал по основ поврат на ДДВ, па сега бараат да им бидат вратени парите назад.
Овие граѓани дополнително и во најкраток можен рок ќе бидат известени за начинот на исплата. Опцијата ‘донирај’ беше поставена за доброволен избор на секој корисник на апликацијата „МојДДВ“, рече Лукаревска.
Заклучно со 5-ти мај, вкупно 8.700 корисници ги донирале своите средства, а 35.219 корисници одговориле дека саакат да им биде исплатен повратот од скенираните сметки. Износот на вкупната донација е 9.529.917 денари и истиот ќе се донира во фондот за справување со Ковид-19.