Новата ситуација и работењето од дома бара брзо да се приспособиме и да најдеме нови алатки преку кои нашите вработени ќе може успешно да одговорат на барањата. Посебно не радува што масивно се усвојуваат и користат дигиталните алатки и платформи.
Телекомуникациската индустрија е предводник на дигитализација и визијата да се биде лидер ја наметнува потребата од постојано учење и усовршување. Ова стана особено важно со појавата на корона вирусот кој наметна нов начин на работа и брза дигитализација. Како компанија која дејствува во таква индустрија, сме посакуван работодавач за вработените со оглед на динамиката и нејзиното лидерско место во технолошкиот напредок и развој. Затоа, за нас дигитализацијата веќе не е само клучен збор, туку е наше секојдневие и е присутна во сите области на нашето работење. Во нашата индустрија постојано се случува нешто ново што ги привлекува луѓето гладни за знаење и искуство, ова особено сега доаѓа до израз кога мора да најдеме нови вештини, техники и алатки за работа во виртуелна средина - вели Ана Умерова од oдделот за човечки ресурси во А1 Македонија, компанија која си постави цел да постигне 50.000 часа учење во текот на една година.
Што е 50K Learning Challenge?
Учењето за А1 Македонија е важна алатка за растење и регрутирање и е важен фактор за менување на културата. Со цел да поттикнеме промена на начинот на размислување и да ги предизвикаме вработените на учење го воведовме A1 50K Learning Challenge како проект. Предизвикот го воведовме со помош на нашиот виртуелен асистент за учење Ела, преку кој секоја месец ја најавуваме топ-темата за учење, споделуваме содржини и материјали, ги наградуваме најголемите „бубалици“ преку gamification на процесот и промовираме внатрешни експерти преку програмата A1 Guru Talks. Крајната цел ни е сите заедно за една година да постигнеме 50.000 часа корпоративно учење. Досега сме задоволни што го достигнавме нашиот прв milestone од 10.000 часа и веќе сме многу блиску до остварување на вториот од 20.000 часа.
Зошто овој проект за учење е важен, особено за компанија како А1 Македонија?
Во А1 Македонија имаме предност бидејќи сме дел од А1 групацијата која промовира култура на постојано учење. Поддршката кон менаџерите и вработените беше континуирана во процесот на овозможување нови начини на работа. Со најавата на четвртата индустриска револуција едно знаеме сигурно, а тоа е дека знаењето, вештините и компетенциите на вработените треба да се менуваат вртоглаво брзо, што значи дека за нашата компанија е многу важно вработените да ги обновуваат и доградуваат своите знаења и вештини за т.н. вештини на иднината, како што се 5G, Cloud, IoT, Cyber Security, Agile, AI итн. за да може да продолжиме да ги задоволуваме потребите на корисниците, но и да ги едуцираме и да им нудиме нови иноватини решенија.
Кои канали за учење им се најпривлечни на вработените?
Нашата инспирација е нашите вработени да имаат можност за развој и учење согласно најновите светските трендови. Тоа што го учат нашите колеги во А1 е истото што го учат во најуспешните компании во светот, на што сме особено горди. Особено важни во овој период се дигиталните канали и платформи за учење.
Ние користиме разновидни канали за учење, како што се: учење преку онлајн-платформата е-Кампус, учење на работно место (on-the-job), размена на искуства од групација, интерни обуки, индивидуални и групни coaching сесии, читање онлајн-содржини, учество на екстерни обуки и конференции, читање стручна литература, вебинари и видео туторијали.
Што покажува Вашата статистика, за кои теми се најзаинтересирани вработените?
Она што моментално им претставува интерес на вработените за учење се дигиталните вештини, како што се Agile, 5G, Design thinking, Cloud, и „меките“ вештини, како што се, фидбек култура, развој на тимот, coaching, како и за градење на лидерските вештини. Интересно е што минатата и оваа година инвестиравме и во голем број индивидуални и групни coaching сесии. Сакаме да поттикнеме „Growth mindset” кај нашите вработени. Тоа подразбира отвореност и љубопитност кон нови работи.
Како ги прилагодивте програмите за учење согласно ситуацијата со корона вирусот и работењето од дома?
Пособен акцент во изминатиот период ставивме на водењето на виртуелни тимови, користењето на дигитални комуникациски и проектни алатки, како и давање на емотивна и психолошка поддршка. Вработените имаа можност да посетуваат специјализирани online обуки кои ги следеа преку конференциските алатки Zoom и Skype for business. Материјалите и темите беа дизајнирани за да дадат поддршка и вештини за побрзо и поупешно прилагодување кон новиот начин на работа. Посебно не радува што масивно се усвојуваат и користат дигиталните алатки и платформи. Вработените се нашиот врвен приоритет, заедно научивме многу од оваа тешка ситуација со која се соочуваме и сега чекориме заедно кон иднината збогатени со искуство со кое ќе ја предводиме „новата нормална“ ситуација.