Ако барате работа во овие тешки времиња, можеби LinkedIn ќе може да ви помогне. Социјалната мрежа на Мајкрософт ги претстави алатките базирани на AI кои можат да ви помогнат да ги запознаете вашите потенцијални работодавци, но и добро да се подготвите за некои покомплицирани прашања на интервју.
Пред се, LinkedIn започна да тестира „видео претставување“ со цел да им се овозможи на кандидатите да се запознаат со потенцијалните работодавци во време кога средбата лице в лице е невозможна поради мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.
Преку оваа алатка, HR менаџерите можат да побара состанок, а кандидатот може да одговори преку видео или писмено. Тоа ќе им овозможи на кандидатите да ги откријат своите меки вештини дури и кога интервјуто не се прави во иста просторија.
Сето тоа е во ред меѓутоа правењето видео интервју (дури и класично интервју во живо) е вештина која бара пракса. За таа цел, LinkedIn исто така направи AI Instant која дава повратни информации, а истата оди заедно со алатката за подоготвка за интервју. Откако кандидатите ќе ги извежбаат сите одговори на поставените прашања, тие може да ги снимат истите и да добијат естимација со „повратни информации за пролазност, како и информации за тоа колку пати користеле зборови за пополнување и чувствителни фрази кои треба да се избегнуваат“, наведува LinkedIn.
Ова би можело да ги спаси кандидатите од евентуални неуспеси и срамни ситуации, а во исто време да им даде повратна информација, барем до степен до кој машината може да придонесе. Повратните информации поврзани со подготовката на интервју „сега се објавуваат насекаде ширум светот и до истите може да пристапите откако ќе аплицирате на некое работно место на почетната страна со огласи на LinkedIn“објавија од компанијата.