Државниот пазарен инспекторат, и во овој период бил особено активни, при што се реализирани 2.221 контрола, во трговски објекти на големо и мало во кои спаѓаат и угостителски објекти, аптеки, бензински станици, банки и пошти. Директорот на државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски апелираше до угостителите да продолжат да се придржуваат на одлуката на Владата и да не ги отвораат угостителските објекти бидејќи забраната за нивно работење се уште е на сила.
„Државниот пазарен инспекторат постапува исклучиво по одлуките коишто ги донела Владата. Согласно ова укажуваме дека се до моментот додека Владата не донесе нова Одлука, Државниот пазарен инспекторат ќе постапува и се што ќе констатира како неправилност ќе санкционира. Мора да напоменеме дека многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и притоа се собираат граѓани. Во вакви случаи постапивме изминатите два дена во Тетово, Врапчиште и во Гостивар“, подвлече Пауновски.
Државниот пазарен инспекторат постапуваше по утврдените неправилности и при тоа се затворени вкупно 5 угостителски објекти во Кичево, Охрид, Тетово и Струмица, а за објектите во Охрид и Струмица ќе следуваат и кривични пријави.