Истражувањето на консултантската компанија Copmarisun проценува дека сопственикот на Амазон, Џеф Безос, веќе во оваа деценија ќе го добие статусот на прв трилијардер во светот.
Тој ќе го заземе тоа место и покрај пандемијата на коронавирус или токму поради неа. Иако тој донираше милијарди долари во борба против пандемијата, моменталната состојба всушност значително ја зголеми неговата нето вредност.
Во првиот квартален извештан на Амазон се наведува дека тие имале приход од над 75 милијарди долави (во првите три месеци од 2020 година).
Во тој клуб на трилијардери во изминатиот период се менуваа повеќе компании, како Епл, Мајкрософт и Алфабет, меѓутоа богатството на Безос постојано растеше.
Само во последните пет години тој е побогат за 34% проценти, а неговото богатство во моментов изнесува 145 милијарди долари. Доколку овој тренд продолжи, тој ќе биде трилионер до 2026 година – кога ќе има 26 години.
Според ова истражување, Марк Цукерберг има најдобри шанси да стане најмладиот трилијардер во светот, но за тоа мора да почекаме до 2036 година.