Побарувачката за работна сила рапидно се менува
На глобално ниво, сигурно ќе има помала побарувачка за туристички персонал, додека расте побарувачката за доставувачи и здравствени работници.
Коронавирусот брзо се рашири во светот, ги промени нашите навики и слободата на движење, но и пазарот на труд. Имено, додека повеќето компании, па и одредени професии трпат големи загуби затоа што не се во можност да ги извршуваат своите активности, некои други занимања стануваат дополнително барани и многу лесно се вработуваат.
Податоците на Linkdln откриваат драматични промени во побарувачката за одреден персонал и активности.
Можеби не е изненадувачки, најголем пораст на побарувачката е за персоналот кој се смета за клучен, вклучувајки ги работните места во здравството и другите организации кои го поддржуваат функционирањето на државата.
Меѓу најбараните работни места во моментов во САД, што е и глобален тренд на запад се работниците во продавниците, систем администратори, сметководители, здравствени работници, градежни работници, магационери, психолози, возачи, изведувачи.
Покрај тоа, експертите ја наведуваат се поголемата потреба за свртување кон земјоделството и побарувачката на таа работна сила, бидејќи предвидуваат дека ако потрае епидемијата, може да предизвика феномен “самодоволност” на државите поради намалување на увозот.
Така, производството на сопствена храна би можела да стане приоритет.