Во шведската општина Упландс-Бро, во рамки на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, робот наречен Тенгаи прави интервјуа наместо експерти за човечки ресурси.
Роботот, развиен со помош на вештачка интелигенција во Кралскиот институт за технологија (КТХ), се користи за интервју за работа и во моментов може да спроведува интервјуа на вкупно 40 јазици.
Хавва Илхан, директорка за човечки ресурси во општината Упландс-Бро, изјави дека во 2019 година оваа институција за првпат спровела интервју за работа со помош на робот.
Овојпат, додека трае Ковид-19, почнавме да користиме нова верзија на роботот за правење на интевју за работа, изјави Илхан.
Според неа, тие во моментов користат три роботи за оваа намена.
Илхан истакна дека овие технолошки достигнувања се огромна можност не само во борбата против коронавирусот, туку и да се спречи дискриминацијата и непотизмот при вработување.