Обврската за плаќање придонеси и повеќето даноци е привремено укината.
Германија сè уште не се опорави од карантинот. Тој е повторно воведен во два региони, а уште два размислуваат повторно да затворат сè, бидејќи инфекцијата со коронавирусот повторно се шири.
Во меѓувреме, германската влада објави мерки за помош на економијата. За рестораните, баровите и кафулињата, кои исто така се драматично погодени од корона кризата во Германија, државата го намали ДДВ од 19 на 7 проценти, со цел да го забрза закрепнувањето на секторот по повторното отворање на објектите.
Обврската за плаќање придонеси и повеќето даноци е привремено укината. Државата е подготвена да ги кофинансира до 80 проценти од изгубените плати, сè што е платено преку тоа се оданочува, за да се обезбеди работниците конечно да ги добијат целосните плати.
Германското Министерство за финансии пресмета дека овие мерки ќе го чинат државниот буџет 2,7 милијарди евра. Мерките стапуваат во сила на 1 јули и ќе траат до 30 јуни 2021 година.