Американецот од државатa Вашингтон, Ави Шифман кој има само 17 години, ја одби понудата за осум милиони долари да ја продаде платформата ncov2019.live за следење на ширењето на коронавирус, којашто сам ја осмисли и разви.
Станува збор за платформа којашто на посетителите им овозможува да ги проверат сите релевантни информации за коронавирусот и статистичките податоци за ширење на заразата во различни земји. Има 30 милиони посетители дневно, а до сега 700 милиони луѓе ги користеле нејзините податоци, пишува Business Insider.
На овој извонреден тинејџер му е понудено да го продаде својот производ, но ја одбил понудата со коментар: “Имам само 17 години, не сакам да профитирам“. Исто така, одбил и постојано работно место, кое му било понудено во компанијата Microsoft.
На оние кои го убедувале да го продаде својот производ, тврдејќи дека ќе жали што не ја прифатил понудата за продажба во иднина, тој одговорил дека сака да ја задржи автономијата при водење на платформата и сака податоците да бидат достапни бесплатно за секој што доброволно ќе се зачлени, а со продажбата би станал комерцијален производ.
“Се надевам дека во иднина ‘алатки’ како ова ќе бидат создадени директно од Светската здравствена организација“, рече Шифман.