По одлуката на владата од вчера и завршувањето на вонредните мерки, од петок повторно се враќа и бесплатен автобус за пензионерите.
Ве информираме дека од петок (29.05.2020 год) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, соопшти ЈСП.
ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од болеста.
Пензионерите во земјава од поодамна се интересираа кога ќе продолжи да важи бесплатното возење во автобусите. Но, прашање е како метежот кој би се создал во авобусите ќе влијае врз заштитата на населението од болеста, знаејќи дека од денеска се воспоставува и нормалниот возен ред, а притоа гужвите како и секогаш ќе бидат неминовни.