Блендерот е одличен сојузник при подготвувањето на здрава храна и оброци. Меѓутоа, не може сите намирници да се приготвуваат во овој апарат, затоа што некои од нив може да ја сменат структурата, а и да го уништат апаратот.
Еве кои намирници не би требало да ги мешате во блендер.
Лиснатиот зелен зеленчук е богат со влакна и избегнувајте да го приготвувате на овој начин.
-Силата на моторот ќе ги уништи хранливите компоненти на спанаќот. Најдобро е да ги ставите спанаќот или блитвата во замрзнувач на пет минути, а потоа да ги блендирате. Ќе ги задржат и бојата и нутритивната вредност.
Јаткастите плодови, кафето во зрна и силно смрзнатото овошје не се за блендер, затоа што со мешањето ќе добиете паста, кашеста маса која не е баш најдобра за јадење. Најдобро е да ги смелете овие намирници, па така да ги користите или да ги поросите врз напитокот.
artkujna.mk