Во член 14 од Законот за работни односи стои дека договор за вработување се склучува за време чие траење однапред не е определено (работен однос на неопределено време). Договор за вработување може да се склучи и за време чие траење однапред е определено (работен однос на определено време).
Во однос на формата на договорот за вработување, во членот 15 од ЗРО стои дека договорот за вработување се склучува во писмена форма.
Договорот за вработување се чува во работните простории во седиштето на работодавачот. Примерок од склучениот договор му се врачува на работникот на денот на потпишувањето на договорот за вработување.
Страни на договорот за вработување се работодавачот и работникот.