Од септемрви почнува постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија а од март граѓаните ќе можат да одлучат кој ќе ги снабдува со струја .Ова го предвидува Законот за енергетика кој пред два дена е објавен во служен весник а на сила стапува од 5 јуни. Дали со новиот закон струјата ќе биде поевтина или не, никој со сигурност не може да каже рече вицепремиерот Анѓушев бидејки тоа зависи од светските берзи
-Со новиот закон цената на струјата за граѓаните секогаш ќе биде поповолна од тоа што го нудеше стариот закон затоа што струјата од домашното производство ќе заврши кај граѓаните по цена заштитена од шокови, изјави вицепремиерот Анѓушев.
Изборот на универзален снабдувач ќе се врши со јавен оглас на тендер кој ќе го подготви координативно тело составено од Владата, РКЕ и мин за економија.Законот предвидува повеќе да не се признаваат нерподуктивниоте трошоци и загарантирани профити на компаниите што со години го правеше РКЕ кога ја утврдуваше цената на струјата
-Компаниите ќе мораат своите трошоци да ги вклучат на некаква маргина над набавената електрична енергија и тука ќе биде нивната конкуретност и борба. Законот стимулира пазарно ориентирани механизми, што за компаниите значи дека на конкуретна основа ќе бидат стимулирани да ги намалуваат непродуктивните трошоци.Сега заработките се 5-8 % од прихходите а во светот 1-2 % а често работат и со загуби, вели Анѓушев.
Во моментов во Македонија има повеќе од 50 фирми што се лиценцирани да тргуваат со струја а 26 вршат снабдување .Со новиот закон за енергетика почнуваат да течат и роковите за избор ан нов претседател на РКЕ кој на предлог на владата го избора собранието .За таа цел ќе се формира посебна комисија од експерти која ќе објави оглас за избор ан претседател и тројца членови ан ова регулаторно тело.
telma.com.mk