Скопјанецот Насер нашол чанта со документи и пари на паркингот на Рамстор. Откако ги видел документите кои биле заедно со парите, како и адресата, веднаш отишол и му ги однел дома на сопственикот. Во пронајденото плико имало 675 евра и 9000 денари. Насер веднаш го пронашол и му ја вратил загубената чанта на збунетиот сопственик. Еве го и неговиот фејсбук статус:
„Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше новчаник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари.
Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викаш, му вратив се викам Насер и од Чаир сум. Од радост викаше о господе, и ги извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене, му реков нема потреба, многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејтвото.
Со овa сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар.“