Врз основа на член 22, став (1), алинеја 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015 и 27/2016), и врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14 и 27/16) Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството објавува.
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството има потреба за вработување на 6 (шест) лица на определено време до 31.12.2018 година за следните работни места:
1.Раководител на одделение за проектни активности и ЕУ процеси при Секторот за земјоделство и рурален развој со локација на работно место во Битола, 1 извршител.
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен;
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на –професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, преработка на анимални производи, добиточно производство (сточарство) или биотехнологија, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
-да поседува возачка дозвола од Б категорија
Распоред работно време:
Работни часови во неделата: 40,
Работно време од понеделник до петок од 07. 30 – 08. 30 до 15.30 – 16. 30 часот.
Паричен нето износ на основната плата : 28. 286, 00 денари
2.Советник за проекти и проектни активности во Одделението за проектни активности и ЕУ процеси при Секторот за земјоделство и рурален развој со локација на работно место во Битола, 1 извршител.
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен;
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки, графичко инженерство, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-најмалку 3 (три) години работно искуство во струката.
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
-да поседува возачка дозвола од Б категорија
Распоред работно време:
Работни часови во неделата: 40,
Работно време од понеделник до петок од 07. 30 – 08. 30 до 15.30 – 16. 30 часот.
Паричен нето износ на основната плата : 25. 023, 00 денари
3.Помлад соработник за финансиско евидентирање во Одделението за сметководство и плаќање при Секторот за финансиски прашања со локација на работно место во Битола, 1 извршител.
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен;
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-со или без работно искуство во струката.
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред работно време:
Работни часови во неделата: 40,
Работно време од понеделник до петок од 07. 30 – 08. 30 до 15.30 – 16. 30 часот.
Паричен нето износ на основната плата : 20. 969, 00 денари
4.Помлад соработник за прибирање на податоци во Одделението за буџетска контрола при Секторот за финансиски прашања со локација на работно место во Битола, 1 извршител.
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен;
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-со или без работно искуство во струката.
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред работно време:
Работни часови во неделата: 40,
Работно време од понеделник до петок од 07. 30 – 08. 30 до 15.30 – 16. 30 часот.
Паричен нето износ на основната плата : 20. 969, 00 денари
5.Помлад соработник за евиденција во Одделението за буџетска координација при Секторот за финансиски прашања со локација на работно место во Битола, 1 извршител.
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен;
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-со или без работно искуство во струката.
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред работно време:
Работни часови во неделата: 40,
Работно време од понеделник до петок од 07. 30 – 08. 30 до 15.30 – 16. 30 часот.
Паричен нето износ на основната плата : 20. 969, 00 денари
6.Виш референт за административно технички работи во Одделението за општи работи и организациски активности при Секторот за правни и општи работи со локација на работно место во Битола, 1 извршител.
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен;
-да има општа здраствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназија, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-најмалку 2 (две) години работно искуство во струката.
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред работно време:
Работни часови во неделата: 40,
Работно време од понеделник до петок од 07. 30 – 08. 30 до 15.30 – 16. 30 часот.
Паричен нето износ на основната плата : 14. 932, 00 денари