Граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница од денес е отворен за излез и влез во земјава, но од соседната страна копнената граница на Грција останува затворена за влез на туристи и патници најмалку до 1 јули.
Дежурната гранична служба утрово информираше дека грчките гранични службеници денес повторно ги враќале назад сите туристи, па дури и оние од Шенген зоната и ЕУ, за влегување во Грција ги насочувалле да патуваат преку Бугарија.
Преку граничниот премин Евзони моментно е дозоволен само излез на сите што заминуваат од Грција.
Исклучок за влез во Грција се прави само за патници кои имаат регулиран престој во Грција, како и за транзитниот сообраќај кој се одвива како во нормални услови.
Од денеска слободен влез во земјава им е дозволен на грчките државјани.
„Утринава на влез во земјата се регистрирани само десетина грчки возила“, велат од дежурната служба на ГП „Богородица“.