Во времето кое живееме сметките за струја од месец до месец се се поголеми, па затоа добро е да ја искористиме секоја минута од евтината тарифа, особено за струјата. Доколку не сте сигурни дали вашето домаќинство користи евтина стуја од 14 до 16 часот попладне, постои едноставен начин да го проверите тоа.
Се што треба да направите е да погледнете на дисплејот од броилото во периодот од 14 до 16 часот, од понеделник до сабота.
Доколку во тој период на екранот ви се појавува индикаторот Т2, тоа значи дека имате евтина струја.