Општината Филињано во италијанскиот регион Молизе обезбедува 50 бесплатни седумдневни престои од 17 јули до 25 септември
Педесет бесплатни еднонеделни престои за посетителите во Филињано во италијанскиот регион Молизе се дел од иницијативата за заживување на туризмот, сектор кој е погоден од пандемијата на коронавирусот.
Проектот беше инициран од општина Филињано, која брои околу 600 жители, и е во соработка со хотелот „Ле Гинестре“, кој обезбеди бесплатни седумдневни престои во периодот од 17 јули до 25 септември.
Условот за туристите кои се заинтересирани да учествуваат во проектот е да не живеат во регионот Молизе и да немаат роднини во областа.
За локалците, ова е еден од начините да се поттикне туризмот и да се промовираат знаменитостите во областа.
Молизе се наоѓа на два часа од Рим, а овој регион успеа да го задржи бројот на заразени на ниско ниво во однос на остатокот од земјата.
Извор: BizLife.rs