Овен
Работа - Можете да очекувате цел месец да ви биде во знакот на просперитет на овој план, без оглед дали се работи за работен или личен контакт и односи. Одличната комуникациска енергија посебно ќе ви биде драга доколку имате некои неразјаснети односи со членовите од семејството.
Љубов - Со оглед на тоа што јуни е почеток на сезоната на летни годишни одмори, ѕвездите ви препорачуваат токму овој месец да отпатувате некаде, бидејќи одморот ви е повеќе од потребен. Дружете се со пријателите и поминувајте повеќе време со саканата личност. На љубовен план нема никакви турбуленции - ви претстои мирен период.
Здравје - Одлично.
Бик
Работа - За сите родени во знакот на Бик ви претстои месец во кој се можни значајни случувања и многубројни пресврти. Треба да бидете искрени кон себе - дали сте задоволни со својот живот, што ви е приоритет, дали сте задоволни со работата што ја имате. И што е најважно, дали го давате максимумот. Јуни е месец кога конечно ќе излезете од удобната зона.
Љубов - Драматично ќе биде на љубовен план - со партнерот конечно ќе го дефинирате она што го сакате. Слободните бикови ќе имаат интересно познанство во втората половина на месецот.
Здравје - Што се однесува до здравјето, ѕвездите ви препорачуваат дека е време физички да се активирате.
Близнаци
Работа - Многу близнаци овој месец ќе го слават својот роденден, што ќе им донесе добра енергија и добро расположение. Тоа на луѓето родени во овој знак одлично ќе им послужи за малку да се забавуваат. Бидете помалку строги кон себеси, време е да паузирате од многубројни обврски и проекти и мислете на себе. Добро би било некаде да отпатувате, макар тоа било и бизнис-патување.
Љубов - Слободното време што конечно ќе го имате ќе ве натера да размислите над одредени сопствени постапки и да увидите во што сте згрешиле во однос на другите луѓе. Кога станува збор за љубовните врски, јуни би можел да биде пресврт за оние што размислуваат за следниот чекор, но и за оние што се незадоволни во однос на партнерот.
Здравје - Во текот на јуни не морате да се грижите за здравствените проблеми.
Рак
Работа - Во јуни кога Сатурн ќе биде доминантен, време е за интроспекција - ви претстои тешка задача за конечно да утврдите што е она што го сакате од животот. Поточно, од тоа колку сте способни да се слушате себеси, вашите желби и потреби. Клучен период ќе биде околу 23 јуни, па затоа внимавајте на договорите што ги потпишувате.
Љубов - Јуни ќе ви биде наклонет и приватно и на работа, плус ви се насмевнува некоја романса. Важно е да не ја пропуштите шансата и да не се плашите да излезете од удобната зона.
Здравје - Проблеми со колената.
Лав
Работа - Лавовите во јуни ќе дојдат до врвот на својата друштвена популарност. Очекувајте да бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите - сите врати ќе ви се отворат, на работа е можно да добиете не само пофалби, туку и покачување на платата. Немојте премногу да се вообразите поради ова, туку искористете го како мотивирачка енергија.
Љубов - Партнерот ќе ве поддржува во многу работи, но исто така од вас ќе очекува еднакво да се ангажирате и да не го запоставувате. Ако сте меѓу слободните лавови, ви претстои интересно познанство со бик или стрелец, и тоа преку работа.
Здравје - Чувајте се од повреди.
Девица
Работа - Не е тајна дека девиците се најчувствителниот знак во зодијакот, па потребно е да знаете дека ви претстои период на чувствителност, особено кога станува збор за работата. Девиците во јуни мора да одговорат на многу предизвици - на работа надредените ќе имаат големи очекувања, а можни се проблеми и со бизнис-партнерот.
Љубов - Во јуни ви претстои важно познанство, па слободните девици би можеле да ја запознаат љубовта на нивниот живот. Оние што се во врска или во брак ќе мора конечно да ги кажат работите што им пречат кај партнерот.
Здравје - Проблеми со дишните патишта.
Вага
Работа - Владетелот на вашиот знак, Венера, овој месец ќе биде во полна сила. Најдобрата препорака е да се приспособите на случувањата, а не да се обидувате да го промените нивниот тек, бидејќи во тоа сигурно нема да успеете.
Љубов - Овој период е за душа, а не за ум. Ќе бидете особено чувствителни, ќе преиспитувате клучни прашања во животот, а меѓу нив е и емотивниот статус. Многу работи во вашиот живот биле под знак прашалник, недовршени и во магла. И тоа е во ред. Добра вест е дека работите ќе ви станат појасни во наредниот период.
Здравје - Посетете стоматолог.
Скорпија
Работа - Ќе бидете полни со енергија во јуни, што и тоа како ќе ви одговара. Ќе бидете желни за акција, па затоа добро размислете во која насока ќе ја насочите енергијата, бидејќи овој месец е за промени. Работата ќе ви оди како песна, па обидете се да ги придобиете надредените.
Љубов - Ќе бидете оптимистични по сите прашања, а пријателите ќе ве гледаат во сосема друго светло. Ова може да биде месец на длабоко просветлување и можност да запознаете некој нов во вашиот живот. Ако сакате одредени промени на емотивен план, ова е месец кога треба да почнете да ги реализирате.
Здравје - Се чувствувате одлично.
Стрелец
Работа - Ова е одлично време да ги отстраните сите препреки и сето она што го блокира вашиот оптимизам и вашата самодоверба, па можете да тргнете во освојување на бизнис-партнерите. Ве очекуваат фантастични работи.
Љубов - Страста ќе биде во затишје, но разумот посебно ќе доминира во текот на јуни. Некои луѓе можеби ќе ве разочараат, но тоа треба да ви биде лекција за другпат.
Здравје - Овозможете си некаков вид релаксација бидејќи ќе ви треба.
Јарец
Работа - Во наредните 9 месеци ќе имате одлична можност да го зголемите чувството на самостојност и да направите добра работа со вашата самодоверба. На работен план ќе ви се укаже можност за промоција - работете напорно и достигнете ја вашата желба за повисока плата.
Љубов - Научете да бидете помалку строги кон себеси, особено кога станува збор за врските и љубовните односи. Во јуни научете да се ослободите од стравот да го пуштите да си оди оној што го сакате. Ова е приказна стара со векови и одамна ја докажала својата корист.
Здравје - Потребен ви е сон.
Водолија
Работа - Несигурноста на работното место продолжува да ве мачи, но нема потреба да се плашите. Внимавајте да не паднете повторно во истата рутина. Способноста да развивате поголема моќ на трпение ќе ви се исплати долгорочно.
Љубов - Ќе ви се укаже можност за летна романса. Доколку сте во брак или врска, направете нешто убаво за вашето семејство. Создајте значајна врска со вашите деца. Тоа е она што сега ви е потребно.
Здравје - Не нервирајте се премногу.
Риби
Работа - Со почетокот на месецот ќе се појави одредена тензија помеѓу потребата за кариера и домашните обврски. Фаќајте белешки, водете дневник, комуницирајте и бидете искрени кон себе.
Љубов - Поминете време со семејството, дружете се со пријателите кои нема да ве преоптоваруваат со сопствените очекувања. Можна е средба со старата љубов.
Здравје - Почнете да вежбате.
ГОЛЕМ ХОРОСКОП ЗА ЈУНИ: Што ви препорачуваат ѕвездите овој месец?
Вести
-
МВР објави оглас, се бараат вработени за овие позиции
ЈАВЕН ОГЛАС
-
Објавена листата на најубавите Божиќни базари во Европа
Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божикни базари, кои не се само места каде што може да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку се и вистински мали „земји на чудата“…
-
Контроли на патарините низ државата, за неплаќачите казни од по 200 евра
Јавното претпријатије за државни патишта спроведе 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица каде се изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање патарина.
-
БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?
Умаг ќе им исплати најголем божиќен бонус на пензионерите – од 30 до 600 евра.
-
Трикот кој ги „запали“ социјалните мрежи: Еве како да заспиете за 3 минути!
Постојано слушаме колку е важен осумчасовниот сон. Но, ретко кој може да си го дозволи тоа во денешно време, бидејќи често, колку и да се трудиме, сонот не ни доаѓа.
-
Прогласен е за најдолг збор на германски јазик и има дури 67 БУКВИ! Можете ли да го изговорите ова?
Не толку мелодичен, но еден од најважните јазици, особено во деловниот свет, е германскиот. А речникот на германскиот јазик го избра најдолгиот збор кој содржи дури 67 букви...