Вчера по завршувањето на 10та Интернационална HR Конференција се одржа Гала вечер на која беа доделени наградите за Најдобар HR менаџер за 2017 година и Најпосетуван огласувач на Вработување.ком за 2017 година.
Вечерта беше прекратка за да се споделат сите импресии од предавањата и дружбата. Во пријатна атмосфера, низ хуморот на Сашко Коцев и со по неколку „чаши добар муабет“ ги наградивме најдобрите и ја заокружувме оваа јубилејна Конференција.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Кој беше прогласен за Најдобар HR менаџер за 2017 година?
Изборот за најпосетуван огласувач не беше тежок, бројките и статистиките го кажаа своето. Со 421.400 посети направени во 2017 година, најпосетен работодавач беше КАМ. Ова е уште еден доказ дека оваа компанија е една од најпосакуваните за вработување во Македонија. Ни беше чест и задоволство да им го доделиме ова заслужено признание на врвните професионалци, лидери во дисконт трговијата.
Честитки до целиот тим!
Се гледаме догодина.