Град Скопје објави јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Поддршка на инклузијата во образовниот процес-унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување на Република Северна Македонија- Центар за вработување на Град Скопје.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување на Република Северна Македонија-Центар за вработување на Град Скопје, со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинскокорисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години -лица постари од 50 години
- лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство
- жени припадници на ромската етничка заедница
- самохрани родители -родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
- образовен асистент
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување на Република Северна МакедонијаЦентар за вработување на град Скопје, во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Град Скопје и избраните кандидати.
Прочитајте го целиот јавен повик на овој линк.