
Американската управа за храна и ветеринарство издаде одобрување за употреба на тест за Корона виртусот кој го направи компанијата „Аббот Лабораториес“, а кој би можел да помогне да се задоволи потребата за поголем број тестирања.
Од компанијата „Аббот“ соопштија дека планираат да испорачаат десетина милиони тестови во септември, а дека ќе можат да го зголемат производството на 50 милиони тестови во октомври, по цена од пет долари, пренесе Ројтерс.
Тестот е со големина на кредитна картичка, а резултатите се готови за 15 минути.
Овие тестови е се толку прецизни како тестовите кои моментно се користат, но ќе овозможи брзо и почесто тестирање.