Црногорските задравствени власти ги олеснија мерките за влез во земјата за граѓаните од Балканот.
На оние кои доаѓаат од безбедните земји, т.н. „зелена листа“ како и претходно не се поставуваат никакви услови, а граѓаните од земјите кои се на „жолтата“ можат да влезат во Црна Гора со позитивен резултат на серолошки тест – ИгГ антитела, издаден од регистрирана лабораторија и кој не е постар од 30 дена
Во владиното соопштение се наведува:
-Жителите на сите земји од „жолтата листа“ исто така можат да влезат во Црна Гора со негативен резултат на серолошки тест за антитела од класа IgM или со негативен резултат на PCR-тест за ковид, кои се издадени од регистрирана лабораторија и не се постари од 72 часа. Условот е лицето да не престојувало во некоја од земјите од „црвената листа“ во период од 15 дена пред влегувањето во Црна Гора, односно во една од земјите од каде не е дозволен влез во Црна Гора.
Новите мерки ќе стапат во сила најдоцна до вечерва, откако ќе бидат објавувени во Службен весник на Црна Гора.