Во голема студија спроведена на примероци од над 27.000 луѓе кои биле заразени со новиот корона вирус во светот научниците спроведоа генетска анализа на секвенци од вирусот и открија дека тој мутирал минимално од избивањето на пандемијата во 2019 година во Вухан.
Интересен e податокoт дека во своето истражување користеле и примероци од Хрватска, односно од Истра собрани во март 2020 година. Врз база на таа анализа заклучено е дека во борбата против пандемијата би била доволна само една вакцина, односно еден вид вакцина. Истражувањето го спровеле научници од американскиот Институт Волтер Рид Арми, а ја предводеле Морган Роланд и д-р Кавион Моџарад.
За да ја карактеризираат диверзификацијата на САРС-Ков-2 вирусот од избивањето на пандемијата научниците спроведувале над 18.000 независни геномски секвенци на вирусот, собрани од дури 84 земји во светот. Сите тие примероци биле проучени и во нив барале варијации индикативни за мутација.
Нивната анализа открила ниски проценки на генетската диференцијација кај новиот корона вирус од времето на избивање на пандемијата досега. Со други зборови, САРС-КоВ-2 мутирал пред се како резултат на прилагодување на човечките домаќини.
„Како и во други истражувања, забележавме дека мутацијата на D614G во S протеините нагло пораснала од почетокот на пандемијата, но таа мутација не можевме да ја поврземе со специфичните адаптивни сили на вирусот. Кога вирусите се размножуваат и се шират меѓу популацијата, очекуваме да видиме некаква мутација, а некои можат да се поправат многу брзо како резултат на случајности во текот на пандемијата“ вели Роланд.
Сепак, Роланд нагласува дека поврзувањето на генотипот и фенотипот е комплицирано и дека се потребни повеќе истражувања за целосно да се разберат функционалните последици на мутацијата на D614G во новиот корона вирус. Роланд и Моџарад велат дека со оглед на нивното истражување, вакцината која ги задоволува сите научници и безбедносни критериуми веројатно би била исто ефикасна против сите моментални видови на САРС-Ков-2 вирусот.
Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Proceedings of the National Academy of Sciences.