Со ригорозно ограничување на брзините во населените места и со камери на опремата на самите полицајци, Министерството за внатрешни работи ќе ги лови неправилностите во сообраќајот и истовремено ќе го минимизира влијанито на човечкиот фактор во избегнувањето да не се казнува или да не се плати казната која ќе биде директно врзана со регистрацијата на возилото, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на вчерашната прес-конференција.
Целта на овој проект е да се исфрли човечкиот фактор при кинењето на казните на сторителите на прекршоци во сообраќајот, да нема селекција за тоа кој ќе си ја плати казната за сообраќаен прекршок, а кој не, и да се воспостави дисциплина на возачите и безбеден сообраќај за сите граѓани. За почеток овој проект ќе почне да функционира во Скопје и во Тетово, најави министерот Спасовски.
Во првите шест месеци од годинава полицијата казнила 10.666 лица поради сообраќајни прекршоци, што е помала во однос на истиот период лани, а се должи и на полицискиот час што беше воведен.
Граничните премини, пак, додаде министерот, ќе се модернизираат со инсталирање дигитални читачи на регистарските таблички, а ќе се финализира концептот на маалски полицаец.