Подгответе се за најголемиот онлајн саем за вработување во регионот кој од 7. до 14. октомври го организира Vrabotuvanje.com!
На неполни три недели до отворањето на најголемиот осумдневен онлајн саем за вработување во регионот, Vrabotuvanje.com ви претставува дел од македонските компании чии штандови ќе можете да ги посетите со само еден клик од вашиот смартфон, таблет или лаптоп.
Досега свој штанд резервираа 14 компании кои доаѓаат од трговскиот, ИКТ и финансискиот сектор, а во претстојниот период очекуваме да се пријават уште работодавачи бидејќи ова е најголемиот настан за вработување на Балканот.
И оваа година, на саемот ќе се претстават двата најголеми телекомуникациски оператори во Македонија, а тоа се А1 Македонија и Македонски Телеком. На нивните штандови посетителите ќе можат да се информираат за можностите за работа, бенефициската програма, како и да аплицираат на отворените огласи кои ќе бидат активни само за време на виртуелниот саем.
На саемот ќе го имаме и германскиот гигант Маркарт Македонија, а познавачите на германскиот јазик ќе имаат можност да аплицираат во најголемиот кол-центар во светот - Teleperformance кој за само една година се приближува до бројка од 200 вработени во новите канцеларии во Скопје.
Од производствениот сектор ни доаѓа брендот за млеко и млечни производи Lactalis на чиј штанд ќе имате шанса да ѕирнете внатре во компанијата и да ги погледнете најновите понуди за работа.
Во просторијата Финансии ве очекува штандот на НЛБ Банка кој е отворен за сите љубопитни кандидати кои се гледаат себеси во банкарскиот свет, а веднаш до него се насмеаните лица на претставниците од Кроација Осигурување кои ќе ве запознаат со кариерните можности кои ги нуди осигурителниот сектор.
Запознајте ги и компаниите дебитанти на саемот
Годинава ќе имаме и неколку компании кои за првпат ќе настапат на регионалниот саем за вработување. Такви се инженерското студио BREON, новата канадска инвестиција Magna Mirrors, првата државно верификувана Академија за Data Science во Македонија - Data Masters, препознатливиот ланец на супермаркети SPAR Hrvatska, агенцијата за вработување ЕСИ, холандската компанија Vipper.com и, секако, Vrabotuvanje.com која подготвува кампања за повторно вклучување на невработените лица на пазарот на трудот.
Сè што ви треба е интернет!
За да го посетите саемот не е потребна претходна регистрација. Сè што треба да направите е од 7-ми до 14-ти октомври да ја посетите веб страната www.regionalensaemzavrabotuvanje.com, да изберете просторија каде што изложува вашиот работодавач и да се втурнете во потрага по вашата работа од соништата. Да, толку е лесно и едноставно!
Сè уште има време да резервирате свој штанд!
Лице за контакт: Александар Кочовски
Мобилен телефон: +389 70 671 089
E-mail: aleksandark@vrabotuvanje.com.mk