Дизајнерите на компанијата Apple направија заштитна маска во стилот на технолошкиот гигант од Купертино. Како што може да се види на YouTube каналот Unboxing Therapy, Apple за своите вработени смислил посебна заштитна маска, што истовремено е можно да се пере и да се носи неколку пати.
Може да се види дека маските ги дизајнирал Apple, а направени се во Кина. Секоја кутија содржи пет маски кои можат да се носат осум пати, пред да биде потребно да се исперат. Инаку, препорачана е секоја маска да се испере до пет пати пред да се замени со нова.
Во пакетот се наоѓаат и упатства за користење и одржување на маската, а дополнителни информации вработените можат да пронајдат на посебната интернет-страница наменета токму за нив.
Интересно, на надворешната страна на кутијата се наоѓа и инвентарски број, па веројатно така вработените ќе можат да водат евиденција за тоа колку маски се издадени, кому и кога се подготвува нова нарачка.
Се уште не е планирно продавање на овие маски (барем не засега).