Често ни се појавуваат реклами на социјалните мрежи за нешто за кое само што сме разговарале со некого. Прашањето е - дали телефоните нè прислушуваат?
Можеби нè прислушкуваат, но никој нема доказ или одговор дали тоа навистина се прави, ниту пак зошто се појавуваат рекламите. Како и да е, едно е сигурно - Google има голема улога во сето ова.
„Google над 85% од сите приходи ги добива преку рекламирање, што значи дека, како компанија, за нив е убедливо најважно да добијат пари од рекламирање“, вели Драган Варагиќ, советник за апликација за примената на интернетот во бизнис сферата.
За да може Google и сите негови апликации да ви го рекламираат што ве интересира, треба да знаат сè за вас. За тоа нема подобар начин од влегување во приватноста на уредот што ги чува сите наши тајни, што ги вклучува пребарувањата на интернет, пораките што ги разменуваме, фотографиите, па дури и она што го зборуваме.
„Тоа е, од една страна, директно кршење на вашата приватност. Од друга страна, ако ги користите овие услуги, сте дале согласност... Сакате да го користите Gmail бесплатно, сакате да го користите YouTube бесплатно, сакате да го користите Android бесплатно... тие ти ги даваат бесплатно за да ти ги земат податоците“, вели Варагиќ.
Секоја апликација кога се инсталира, или страница до која се пристапува, нуди услови за користење низ кои „претрчуваме“ со поглед и за кои даваме согласност, а не сме ни свесни дека се согласуваме да се користат нашите податоци.
Повеќето апликации го користат софтверот Alfonso за да го користат микрофонот на телефонот за да соберат податоци од она што го зборуваме. За оние кои се плашат да не бидат прислушувани, а не се подготвени за тоа, единственото решение е да престанат да користат одредени услуги и сервиси.