До средината на овој месец се очекува дека ќе биде пуштен новиот пат од Неготино до Демир Капија, а кон почетокот или крајот на август обратната делница од Демир Капија до Неготино.
иректорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска изјави дека направени се 6,5 километри од вкупно 8,5 километри од Неготино до Демир Капија, но оти на оваа делница во моментот се работи на отстранување на големо свлечиште.
– Во моментот го санираме свлечиштето на најбрз можен начин и би требало до средината на јуни да биде целосно пуштен. Во меѓувреме е затворена трасата од Демир Капија до Неготино и се рехабилитираат осум ипол километри за да може кон почетокот или крајот на август да биде пуштен во употреба – рече Китанов, одговарајќи на новинарски прашања.
За патот од Скопје до Блаце, директорот Китанов посочи дека се работи на проектот и најави дека тој ќе биде тендериран и направен. Не прецизираше термин кога би почнале градежните активности.
– Патот се проектира и ќе биде тендериран и направен. Во меѓувреме Јавното претпријатие за државни патишта во својата програма ја стави и рехаблитацијата на постојниот пат – истакна Китанов.