Колку пати сте отвориле оглас, сте ја виделе компанијата која огласува и сте го затвориле огласот само затоа што истата ја бие „лош глас“? Колку пати вашиот пријател ви се жалел дека на работа и/му е ужасно? Колку пати партнерот ви велел дека шефот не го/ја цени или дека одвај чека да даде отказ и слично?
Прашањето е: Дали откако ќе ги дознаете овие информации, таа компанија почнувате да ја гледате со „други очи“?
Веруваме дека ДА.
Пазарот на труд е место кое постојано се менува, флуктуира, се развива.
За да стигнете до најдобрите од најдобрите треба да знаете дека и самите кандидати бираат. Бираат каде ќе аплицираат и дали вашата компанија ги исполнува нивните „услови“. Квалитетен кадар постои, но како да стигнете до истиот?
Одговорот е 2 збора – employer brandig!
Што е Employer Branding?
Employer branding е есенцијален момент за секоја компанија која се труди да се истакне од толпата и да ги привлече најдобрите кандидати.
Зошто Employer Branding?
- 9 од 10 кандидати ќе аплицираат за работа во компанија со добра репутација
- 50% од кандидатите не би работеле за компанија со лоша репутација
- Неверојатни 78% од луѓето ја гледаат репутација на компанијата како работодавач пред да аплицираат
- Создавањето на добра слика за компанијата води до 50% поквалификувани апликанти
- 84% од вработените размислуваат да ја напуштат својата моментална работа доколку друга компанија има подобра репутација
- 72% од најголемите HR регутерите се согласуваат дека employer branding-от има големо влијание врз вработувањето на нови кадри
Запомнете: Employer branding-от ве прави уникатни, истакнува зошто сте поинакви и ве прави „магнет“ за правите!