Погледнете како Бил Гејтс би одговорил на 10-те најчести прашања на интервју за работа, почнувајќи од прашањето „Зошто да ве вработиме токму вас?“
Бил Гејтс е милијардер и икона во технолошкиот свет па затоа постои многу мала веројатност дека вториот најбогат човек на планетава во скоро време ќе треба да оди на интервју за работа.
Сепак, благодарение на НБА ѕвездата и двократниот MVP, Стив Кери, сега знаеме како основачот на „Мајкрософт“ би одговорил на неколку основни прашања за интервју за работа, вклучувајќи го и прашањето да ги опише своите јаки и слаби страни, како и прашањето за очекувањата за плата.
Во вторникот, Кери на својот YouTube канал го објави интервјуто со Бил Гејтс како прв дел од неговиот нов видео серијал насловен “State of Inspiration”.
Со цел да им даде мал совет на сите млади луѓе кои ќе го имаат својот прв разговор за работа, Кери побара од Гејтс да замисли дека е млада личност на почетокот на својата кариера која е на интервју за работа за позицијата помлад софтверски инженер во „Мајкрософт“.
„Не знам кога последен пат сте биле на интервју за работа“, му вели Кери на Гејтс, пред да посочи дека голем број млади луѓе, вклучувајќи ги и неодамнешните дипломци, се обидуваат за прв пат да влезат во работната сила во она што Кери го опишува како крајно „неизвесен пазар“ во услови на рецесија и пандемија на Ковид-19.
Па, погледнете како Бил Гејтс би одговорил на 10-те најчести прашања на интервју за работа, почнувајќи од прашањето „Зошто да ве вработиме токму вас?“.