Телото најдобро функционира на 36,7 ° C, иако понекогаш температурата е повисока, понекогаш пониска. Треба да знаете што значат тие скокови и да реагирате на вистински начин.
Телесната температура е показател на количината на топлина во телото, и одржувањето на идеална вредност, а тоа е меѓу 36,5 и 37,5 ° C, е важно за нормално функционирање на телото. Значи, кога е идеално, сите системи на човечкото тело функционираат максимално ефикасно и кислородот допира до сите во доволни количини.
Температурата на човечкото тело го контролира “хипоталамусот”. Нешто понизок наутро, а нешто повисок во вечерните часови.
Многу фактори влијаат на промена на температурата. Меѓу другото, таа се намалува како што старееме, кога спиеме, кога јадеме лута храна, вежбаме … Во сите овие ситуации, вредностите не се разликуваат многу, температурата брзо се враќа во нормала. Меѓутоа, кога одеднаш се зголемува или одеднаш се намалува, тоа е знак дека нешто во телото не функционира правилно. Секогаш е подобро кога е висока, бидејќи тоа е знак дека телото се бори против инфекции. Ниска може да се јави после вирус, претерување со лековите за намалување на температурата, но исто така е и знак на некоја болест.
Под 27,8 ° C – Настапува кома, и без соодветен третман доаѓа до смрт. Сите витални функции се забавени (мозокот, срцето, крвниот притисок, дишењето)
Под 32.2 ° C – Драматично ниска температура. Треперењето запира, слаб пулс, дишењето се забавува. Можно губење на свеста. Животните функции се загрозени
Под 35 ° C – Хипотермија. Кожата е студена и бледа, се јавува треперење
36.1 – 37.2 ° C – Нормална температура. Температурата на телото се менува во текот на денот. Наутро е пониска, а во попладневните часови повисока
38 ° C – Умерено покачена температура, најчесто предизвикана од бактериски или вирусни инфекции
Над 38,6 ° C – Зголемена температура. Лицето губи речиси два литра течност дневно
Над 39 ° C – Висока температура. Предизвикува треска
Над 41,5 ° C – Сериозно висока температура. Доведува до делириум, а можна е и смрт
Над 42,2 ° C – Опасно по живот. Може да предизвика трајно оштетување на мозокот и смрт